Манчестер јунајтед ќе купи напаѓач од Серија А!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед бара нов напаѓач, а според медиумите изборот паднал на Софијан Амрабат од Фиорентина, но калчолигашот бара најмалку 30 милиони евра за својот фудбалер.

Амрабат привлече интерес на европските гиганти со неговите настапи на Светското првенство во Катар.

„РАИ Спорт“ објави дека „црвените ѓаволи“ ги договориле личните услови со Амрабат затоа што му понудиле двојно поголема плата од таа што ја добива во Фиорентина.

Преговорите меѓу двата тима треба наскоро да почнат, но Фиорентина најверојатно нема да попушти и да го продаде Амрабат за помалку од 30 милиони евра.