Манчестер јунајтед ќе почне со Санчо, а ќе купи уште две ѕвезди?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот Оле Гунар Солскјер сака скапи засилувања пред почетокот на следната сезона во која ќе се обиде да ја освои Премиерлигата.

Како прв трансфер кој треба да се реализира се споменува Џејдон Санчо за сума од 90 милиони евра. Англискиот репрезентативец ќе се врати на Островот, каде што играше во минатото.

Солскјер, по трансферот на Санчо, ќе тргне по уште две засилувања, а тоа се Едуардо Камавинга кој игра за Рен и би чинел околу 60 милиони евра, но ќе треба да се бори за неговиот потпис со Реал Мадрид и ПСЖ.

Освен Камавинга, Јунајтед покажува интерес и за Рафаел Варан, кој е пред излезна врата од Мадрид и наскоро се очекува реализација и на тој трансфер ако не се случи нешто неочекувано во меѓувреме.