Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе се засили со напаѓач кој треба да ја крене ефикасноста на клубот која оваа сезона е очајна.
Солскјер е во потрага по квалитетен шпиц како поддршка за Марсијал и Рашфорд, а во јавноста веќе се споменуваат неколку имиња.
Последно од нив е, германскиот интернационалец Тимо Вернер кој со успех настапува во тимот на РБ Лајпциг и веќе е редовен германски репрезентативец.
23 годишниот фудбалер е голема желба и на Баерн Минхен, но се верува дека Манчестер Јунајтед може да понуди многу повеќе од „баварците“ и да го обезбеди неговиот потпис следното лето.