Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед му понуди нов договор на голманот Дин Хендерсон.
Овој одличен чувар на мрежата брани фантастично за тимот на Шефилд Јунајтед. По одличните партии, има многу шпекулации за неговата кариера, бидејќи очигледно на „Олд Трафорд“ тие сè уште не сметаат на него.
Затоа другите клубови го сакаат. Наводно Челси му понудил соработка, но Јунајтед одлучи да ги отфрли сите понуди и да го задржи Хендерсон со нив.
Така, раководството на клубот „Олд Трафорд“ му понуди на 23-годишниот голман нов договор вреден 100.000 фунти неделно и со тоа сакаат да го врзат во долгорочен договор.
Во Јунајтед наводно сметаат во иднина на Хендерсон, бидејќи Дејвид де Хеа моментно е број еден на голот на „црвените ѓаволи“.
Тековниот договор на Хендерсон го врзува со Манчестер до 2022 година, а интересно е што тој никогаш не настапил за првиот тим, иако веќе има потпишано четири професионални договори со нив.