Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тимот од Олд Трафорд го оствари првиот контакт.
Манчестер Јунајтед според пишувањата на англиските медиуми, воспостави контакт со Лил со надеж дека ќе постигне договор околу Николас Пепе.
Одличниот играч на францускиот тим оваа сезона постигна 20 голови и запиша 11 асистенции и можеби тој е клучниот играч поради дличниот резултат на Лил кој најверојатно, после се ќе завши на второ место и ќе игра во Лигата на Шампионите од наредната сезона.
Баерн Минхен е првиот фаворит за соработка со одличното крило, но интересот на Баварците се „олади“ и тие се свртеа кон Лирој Сане.
Тоа е и главната причина зошто Јунајтед одлучи да направи чекор за доведување на Пепе и контактот го остварија минатата недела
Лил знае дека во Јунајтед се потребни засилувања и сака да добие и до 70 милиони фунти за Пепе. Наводно Мурињо уште минатото лето посакувал да го доведе овој играч, но контактот никогаш не бил остварен.
Баерн не успеа да ја заврши понудата со испраќање на понуда од 52 милиони фунти и покрај тоа што за овој играч интерес покажаа и Арсенал и Ливерпул.