Манчестер Јунајтед носи сериозно засилување во нападот, во игра две имиња


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок би можел да се засили и на напаѓачката позиција.

Еминентниот новинар на „Скај Италија“, Џанлука Ди Марцио јавува дека Манчестер Јунајтед се распрашувал за ангажман на Единсон Кавани кој е слободен агент, а им бил понуден и Лука Јовиќ.

Српскиот напаѓач би бил отстапен на една сезона на „Олд Трафорд“, а Зидан дал зелено светло тој да замине како позајмен играч на една сезона.

Сепак, Јунајтед првично ќе се обиде да го договори Единсон Кавани кој во целиот преоден рок не успеа да најде нов клуб иако е слободен агент.