Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Премиерлигашот Манчестер јунајтед нуди 60 милиони евра за да го купи Дензел Думфрис од Интер, објави италијанска „Газета дело Спорт“.
„Црвените ѓаволи“ се поврзуваа со трансфер на Холанѓанецот и минатото лето затоа што бараат нов десен бек, но тогаш не успеаа да го договорат, па сега ќе се обидат да потпишат со него во јануари.
Думфрис има договор со Интер, кој нема да го продаде за сума помала од 60 милиони евра, па сега на потег е Јунајтед кој се соочува со сериозни проблеми и семејството Глејзер најави дека ќе ја продаде екипата.
Исто така, премиерлигашот ги следи Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен и Макс Аронс од Норич сити.