Манчестер Јунајтед останува без Одион Игало за продолжението на сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед добил „корпа“ од Шангај откако побарал од кинескиот клуб да го остави Игало во клубот барем до крајот на сезоната.

Тоа значи дека нигерискиот напаѓач кој се радуваше на неговиот премин во Манчестер Јунајтед по само осум одиграни натпревари ќе мора да се врати во клубот кој го поседува неговиот договор.

Се шпекулира дека Шангај имал подготвено екстремно богат договор за Одион Игало, но се уште не е познато дали Нигериецот ќе го прифати истиот.

Исто така не е познато дали во преостанатите пет дена Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го направи трансферот на Игало перманентен.