Манчестер Јунајтед подготвува богат договор за еден свој фудбалер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Брендон Вилјамс се наоѓа пред продолжување на својот договор со „црвените ѓаволи“.

„Дејли Мејл“ пишува дека Манчестер Јунајтед ќе му понуди многу побогат договор на 19 годишниот играч кој игра одлично во својата прва сезона во професионалниот фудбал.

Во моментов Вилијамс заработува по 4.000 фунти неделна плата, а се очекува со новиот договор тој да заработува околу 30.000 фунти неделна плата.

Оле Гунар Солскјер сериозно ќе смета на услугите на младиот фудбалер и во иднина, па неговото останување на „Олд Трафорд“ не е доведено во прашање.