Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот гигант Манчестер јунајтед во летниот преоден рок ќе се обиде да купи квалитетен фудбалер за врска, а изборот паднал на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој треба да биде замената за Пол Погба.
„Ил Темпо“ објави дека „ѓаволите“ би можеле да го купат Србинот за „само“ 35 милиони фунти, па се очекува во текот на летото да тргнат по неговиот потпис.
Милинковиќ-Савиќ може да игра во неколку улоги на теренот и би бил квалитетно засилување за екипата на тренерот Ерик Тен Хаг.
Српскиот репрезентативец беше главна желба на премиерлигашот и пред неколку години, кога екипата ја предводеше Жозе Мурињо.