Манчестер Јунајтед се држеше, но Барселона го однесе целиот плен од „Олд Трафорд“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во дербито на вечерта во Лигата на шампионите, екипата на Барселона славеше победа на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед со 1:0.

Единствениот гол на средбата падна уште во 12. минута кога Лук Шо успеа да ја затресе сопствената мрежа.

До крајот на натпреварот гледавме интересен фудбал, но без стопроцентни шанси на двете страни.

Фелипе Кутињо еднаш се закани по еден отпадок, но Давид Де Геа на одличен начин го одбрани неговиот удар.

„Ѓаволите“ имаа повеќе удари кон голот на Барселона, но ниту еден не заврши во рамките од голот на Марк Анре Тер Штеген.