Манчестер Јунајтед се вмеша во трката за 32 годишниот Мертенс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челници на Манчестер Јунајтед стапиле во контакт со претставниците на Дрис Мертенс за негов можен трансфер на „Олд Трафорд“ оваа зима.

Договорот на Мертенс со Наполи истекува по крајот на оваа сезона, па тој би пристигнал на „театарот на соништата“ за ситна сума.

Дрис Мертенс е еден од играчите кои се на удар на претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и речиси сигурно ќе си замине од клубот оваа зима.

За него има интерес и од тимот на Интер, но доколку Манчестер Јунајтед запне, сигурно ќе го обезбеди неговиот потпис затоа што е финансиски помоќен и е во можност да му понуди подобри лични примања.