Манчестер Јунајтед со неочекуван трансфер потег: Откако Интер им зеде тројца играчи, сега „ѓаволите“ го возвраќаат ударот


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Манчестер Јунајтед проблемите во средината на теренот ќе ги решава со ангажман на Матијас Весино.

Додека се очекува трансферот на Бруно Фернандеш, претставници на Манчестер Јунајтед ќе преговараат и со Интер за играчот кој годинава собра 17 настапи во клубот од Серија А.

Медиумот пренесува дека се чека да се официјализира трансферот на Кристијан Ериксен во Тотенхем за потоа Весино да биде пуштен да си замине. Се уште не е познато дали Манчестер ќе го донесе Весино како позајмен фудбалер или целосно ќе го откупи неговиот договор.

Минатото лето Ромелу Лукаку и Алексис Санчез преминаа од Манчестер во Интер, а пред неколку денови трансфер официјализираше и Ешли Јанг.