Манчестер Јунајтед во последните секунди дојде до петтата последователна победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа со минимални 1:0 норвешки Кристиансунд во Осло.

Јунајтед беше голем фаворит против домашната екипа, но Оле Гунар Солскер до победа дојде со голот во последните секунди, кога Хуан Мата реализираше пенал.

Црвените Ѓаволи сериозно си го сфатија овој меч па од првата минута играа Де Геа – Шо, Џонс, Линделоф, Ван-Биск – МекТоминеј, Матиќ, Марсијал, Лингард, Џејмс – Рашфорд.

Подоцна шанса добија играчи како Погба, Фред, Рохо, Ромеро, Туанзебе, Чонг, Далота, Гринвуд, Переира…

Ова е петта последователна победа за Јунајтед. Тимот од Манчестер славеше против Тотенхем, Интер, Лидс и Перт Глори.