Манчестер не запира, додека го чекаат Погба доведуваат Бразилец!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За трансферот на Пол Погба може да се речи дека е во завршна фаза, а во меѓувреме Вудворд не седи со скрстени раце.

Како што „Скај Спортс“ пренесува а наведува „Газета Еспортива“, Манчестер Јунајтед е да ја избрка конкуренцијата за потписот на бразилскиот суперталентиран Габриесл Жесус!

Мурињо сеуште бара засилување по крилата, поразот од Дортмунд го увери дека му се потребни уште играчи, а сега изборот падна на фудбалерот на Палмеирас.

Црвените ѓаволи имено се спремни да понудат 35 милиони евра на Палмеирас за услугите на талентираниот офанзивец, што е за три милиони повече од сумата која ја нуди Манчестер Сити.

Значи, сега делува дека Бразилецот повеќе има шанса да премине на Олд Трафорд отколку на Итихад, но Сити има богат сопственик, и можеме да очекуваме уште поголема понуда од нивна страна.

Покреј манчестерските ривали, интерес сза Габриел Жесус покажаа и гигантите на европскиот фудбал како Барселона, Реал Мадрид, Пари Сен Жерме ни Баерн од Минхен.