Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Години наназад, легендарниот Белгиец Винсент Компани ја носеше капитенската лента околу раката, а по неговото заминување од клубот Пеп Гвардиола мораше да избере нов.
И ден пред првиот натпревар од сезоната тој одлучи. Новиот капитен е Шпанецот Давид Силва, уште една легенда од Граѓаните којa ќе се збогува со клубот на крајот на сезоната.
Овој потег се очекуваше. Силва е во клубот од 2010 година, тој е вклучен во најголемите успеси на Сити и одлуката да го направат капитен не е изненадување.
Шпанецот заминува на крајот на сезоната и следната сезона повторно ќе се избира капитен, а Силва во последните девет години одиигра 395 натпревари и постигна 70 гола.
Сити ја започнува својата нова сезона со гостување во Вест Хем.