Манчестер Сити доведе голман на многу бизарен начин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Сити пронајде нов голман.

Се работи за фантастичниот млад голман на Реал Сосиедад Џеронимо Рули кој во минатата сезона беше дефинитивно најдобар голман во Примера, и стана најголема желба за најголемите европски клубови.

Пеп Гвардиола е голем фан во лигата во која го стекна името, па најголемите засилувања на Итихад планира да ги доведе токму од Шпанија. Па така ги осигура услугите на Рули, поради тоа што Џо Харт нема засекогаш да може да стои на голот на Манчестер Сити.

Сепак, нешто необично се појави во договорот меѓу двата клуба. Имено, Манчестер Сити ќе го откупи Рули и тогаш ќе го испрати на позајмица назад со право на откуп за 7 милиони. А, ако Сосиедад го врати за 7 милиони, Манчестер Сити ќе може да го купи за 14 милиони повторно.

Неверојатни работи можевме да видиме во неколкуте последни преодни рокови, но ова е навистина едноставен случај кога е доведување на фудбалер во прашање. Некогаш навистина беше едноставно да доведете играч, а сега…