Манчестер сити двапати водеше против Ливерпул, но четата на Клоп освои бод на „Итихад“ (Видео)

Дуелот кој можеше да ја реши трката за титулата во Англија на крајот заврши без победник, па така Манчестер сити и Ливерпул одиграа 2-2.

Одлично почна дуелот за домаќините кои стигнаа до водство преку Кевин Де Брајне (1-0), додека одговор од Ливерпул стигна само осум минути подоцна преку Диого Жота.

Во остатокот од првото полувреме „граѓаните“ беа подобар противник и Габриел Жесус стрелаше за 2-1, но по паузата Садио Мане стрелаше за 2-2.

Сити потоа преку Стерлинг погоди за 3-2, но ВАР го поништи голот и на крајот немаше повеќе погодоци, па резултатот остана 2-2.

Манчестер сити останува лидер со еден бод повеќе од Ливерпул, па ги очекува тешка битка до крајот за трофејот.