Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Манчестер сити, наводно, го договорил Џек Грилиш за 130 милиони евра, а реализацијата на трансферот ќе се случи по завршување на Европското првенство (ЕП).
Пеп Гвардиола по секоја цена сака да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона, откако беше поразен годинава од Челси, па поради тоа прави реконструкција на тимот.
Клубот го напушти Серхио Агуеро, како и Ерик Гарсија, а засега не е познато ниту дали Фернандињо ќе го продолжи договорот, додека пред излезна врата е и Бернардо Силва.
Како замена за Агуеро, Гвардиола го сака Хари Кејн од Тотенхем, а се надева дека ќе го купи за сума од 150 милиони евра, иако тоа можеби нема да биде доволно за претседателот на тимот, Даниел Леви.
„Граѓаните“ се обидуваат да вметнат и некој фудбалер во трансферот за Кејн, но и тоа нема да биде воопшто лесно, па останува да видиме што ќе се случи летово на трансфер-маркетот.