Манчестер сити го демолира Реал Мадрид на „Итихад“ (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер сити се пласираа во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе се борат со Интер за титулата на 10 јуни во Истанбул.

„Граѓаните“ доминираа од самиот почеток на натпреварот, а Тибо Куртоа ги спаси неколку пати „кралевите“, но првиот гол падна во 23. минута преку Бернардо Силва.

Илкај Гундоган шутираше во 37. минута, по што топката се одби до Силва кој го постигна вториот гол за домаќините.

Потоа Милитао си постигна автогол за 0-3, а конечниот резултат го постави Алварез во финишот од натпреварот.