По големата дилема која се крена после дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, пристигна и официјалното признание дека при голот на Ерлинг Халанд е направена грешка во проценката на ВАР.
Про Реф, телото задолжено за судиска анализа во англискиот фудбал, се огласи по спорната ситуација во 60. минута од натпреварот на Олд Трафорд.
Тогаш Халанд постигна гол што на крајот беше признат, иако во акцијата се постави прашањето дали Енцо Фернандес влијаел на играта од недозволена позиција.
Во официјалното објаснување на Про Реф се наведува дека првичната одлука на судијата на теренот беше офсајд против Халанд, но со проверката на ВАР беше утврдено дека напаѓачот на Манчестер Сити сепак бил во дозволена позиција.
Сепак, проблемот настана во продолжение на акцијата.
“Во истата акција утврдено е дека Енцо Фернандес не играл со топката и поради тоа секоја одлука за офсајд е субјективна.
Сепак, во оваа прилика ВАР не го препознал веројатното влијание на неговата позиција и требало да му препорача на судијата да ја прегледа ситуацијата на теренот”, наведоа од Про Реф.
Халанд донесе победа за Ман Сити во дербито, но судиското тело подоцна призна дека голот требало да биде поништен поради офсајд на Енцо и се извини на Ман Јунајтед. pic.twitter.com/kn6Xsfcw3P— B24 (@B24PT) 13 септември, 2026












