Манчестер сити го руши рекордот: Гвардиол ќе стане најскап дефанзивец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јошко Гвардиол се подготвува да потпише договор со Манчестер сити. Трансферот ќе изнесува 90 милиони евра, а Динамо Загреб ќе добие дури 14 милиони евра.

Преговорите меѓу Лајпциг и Манчестер сити траат од почетокот на летниот проден рок, а заинтересиран беше и Тотенхем, но Хрватот се реши да замине во екипата на Пеп Гвардиола.

Гвардиол ќе стане и најскап дефанзивец во светот, со тоа што ќе го урне рекордот на англискиот репрезентативец Хари Мегваер.