Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска се одиграа три натпревари од осминафиналето од најстарото англиско натпреварување, ФА Купот.
Манчестер Сити беше гостин на Шефилд Јунајтед,а Пеп Гвардиола излезе со доста силен состав.
„Граѓаните“ доминираа на теренот, но славеа само со еден постигнат гол во мрежата на домаќинот. Стрелец на истиот беше Кун Агуеро.
Лестер победи со 1:0 против тимот на Бирмингем со гол постигнат во вториот дел од натпреварот од страна на Рикардо Переира.
Продолжуваат маките на Жозе Мурињо кој и четврти натпревар по ред, ако се сметаат само 90. минути не знае за победа. „Петлите“ ремизираа 1:1 со Норвич во регуларниот дел и победникот и патникот во следната фаза на овој натпревар ќе се дознае по одигрувањето на продолженијата.