Манчестер Сити на лето ќе тргне по фудбалер на Баерн Минхен, можна е размена на играчи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Сити во летниот преоден рок планира да го донесе фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман.

Пеп Гвардиола беше тој кој го донесе 23 годишниот француски фудбалер во редовите на Баерн Минхен, а сега го посакува на „Етихад“.

Се верува дека двата клуба би можеле да договорат размена на играчи по која Коман ќе се пресели на „Етихад“, а во спротивен правец ќе оди Лерој Сане за кого Баерн Минхен се интересираше и ова лето, но тешката повреда на Германецот го блокираше трансферот.