Манчестер Сити планира големи трансфери за повторно освојување на титулата во Англија


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


По сезона која не ги исполни високите очекувања на клубот, Манчестер Сити е наумил значително да го засили својот состав во текот на летото. Целта е да се вратат на врвот во Премиер лигата. Тренерот Пеп Гвардиола развива амбициозен план за трансфери со кој „граѓаните“ планираат повторно да ја вратат својата доминација на фудбалската сцена во Англија.

Еден од првите чекори во оваа насока е трансферот на младиот и креативен играч Рајан Шерки од Олимпик Лион, кој е речиси договорен. Според медиумите, Манчестер Сити е многу блиску до заклучувањето на зделката, која е вредна околу 30 милиони евра. Овој француски талент имаше впечатлива сезона со 41 натпревар, 12 голови и 20 асистенции преку сите категории.

Покрај Шерки, клубот е во завршна фаза на преговорите и со Милан за холандскиот интернационалец Тијани Рејндерс. За неговите услуги, „граѓаните“ планираат да издвојат околу 70 милиони евра.

Фото: Grok AI