Манчестер сити под истрага зашто ги прекршил правилата на Премиерлигата!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити во моментов е под истрага од Премиерлигата затоа што се шпекулира дека ги прекршил правилата, меѓу кои се вклучени незаконски плаќања на малолетни фудбалери.

Информацијата прв ја објави „Шпигел“, кој напиша дека се води истрага поради големи спонзорски договори и скриени плаќања на поранешниот стратег на екипата Роберто Манчини.

Англискиот шампион наводно вршел притисок врз малолетни фудбалери да потпишуваат договори со клубот преку готовинско плаќање, при што ги кршел правилата.

Спонзорите на тимот од Абу Даби ги обезбедиле дел од своите уплати, додека останатите биле од газдата на тимот, шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан, а истрагата ќе покаже дали тоа е вистина и каква ќе биде казната.