Манчестер сити сака да му украде „договорено“ засилување на Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Палмеираш има вистински дијамант, кој може наскоро да го продаде и да добие над 30 милиони евра за неговиот трансфер, а тоа е талентираниот бразилски фудбалер Ендрик.

Ендрик има договор со Палмеираш до 2025 година и откупна клаузула од 60 милиони евра, но сепак Реал Мадрид сака да го купи за двојно помалку.

Во дуелот на Палмеираш против Форталезе беа забележани двајца скаути на трибините, а станува збор за луѓе од Манчестер сити и Реал Мадрид.

Тие го гледаа бразилскиот фудбалер, кој привлече големо внимание во последниот период, а може да се каже дека се задоволни со неговите настапи.

„ЕСПН“ објави дека желба на Ендрик е да потпише за „кралскиот клуб“, иако Манчестер сити ќе се обиде да му ги расипе плановите на Реал Мадрид и да го „украде“ Бразилецот.