Манчестер Сити се бори за титула, а на Гвардиола целта му била да се пласира во – Лига Европа?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити игра фантастично сезонава и се наоѓа во серија од 13 победи во сите натпреварувања, а во моментов е лидер во Премиерлигата и има три бодови повеќе од Манчестер јунајтед.

Тренерот Пеп Гвардиола не сака да се опушта, иако неговиот тим чекори кон титулата, па се потсети на моментот кога биле на 12. позиција на табелата и нивна цел била пласман во Лига Европа.

„Ние треба да си ја завршиме работата и ќе биде грешка ако мислиме на другите екипи. Кога бевме на 12. позиција, си мислевме дека треба да завршиме на титулата и се надевавме дека ќе се бориме за пласман во Лига Европа. Не треба да ја гледаме моменталната серија“, кажа Гвардиола.