Манчестер Сити се засилува од Јувентус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Сити е заинтересиран за доведување на десниот бек на Јувентус, Стефан Лихштајнер, тврдат италијанските медиуми.

Овој 32-годишен фудбалер е на излезни врати од Јувентус. Во клубот стигна Дани Алвеш, па Швајцарецот стана вишок во Торино.

Меѓутоа Лихштајнер нема да има проблем со наоѓање на нов клуб. Според Тутоспорт интерес за него покажа Манчестер Сити кој е спремен да му понуди на бјанконерите 10 милиони евра.

Исто така и Челси покажува сериозен интерес за овој фудбалер.