Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е заинтересиран да го донесе играчот од средниот ред на Милан, Исмаил Бенасер.
Така барем тврдат италијанските медиуми кои велат дека овој фудбалер има откупна клаузула од 50 милиони евра.
Тој пристигна во Милано од екипата на Емполи за 16 милиони евра, а пред Емполи беше во Англија во Арсенал, каде не доби вистинска шанса.
Голем интерес за него покажа раководството на ПСЖ, кое е подготвено да испрати понуда за него, а тоа би можело да биде интересен избор за Бенасер.
Сепак, Пеп е подготвен да му понуди на овој одличен фудбалер место во Манчестер Сити, дури и ако овој клуб остане без ЛШ.