До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер јунајтед би можел многу брзо да го реализира првиот трансфер по промените на клупата, а фокусот е ставен на засилување на средниот ред уште во јануарскиот трансфер период.
Според наводите на угледни медиуми (ESPN и The Guardian), управата на клубот сака брзо да реагира и да му пружи поддршка на Мајкл Карик, кој е назначен за привремен тренер до крајот на сезоната.
Првото име на листата желби е португалецот Рубен Невес, искусен играч од средината кој веќе со години е на радарот на најголемите европски клубови.
Невес моментално настапува за саудискиот Ал Хилал, каде што пристигна како едно од најгласните засилувања, но изгледа дека клубот е спремен за преговори.
Извори наведуваат дека саудиската страна би била отворена за трансфер вреден околу 20 милиони фунти, што за Манчестер јунајтед претставува поволна можност на пазарот.
















