Манчестер Јунајтед ќе плати 60.000.000 фунти за француската сензација?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ели Жуниор Крупи е фудбалер кој оваа сезона го привлече вниманието кон себе, игра одлично за Борнмут и, се разбира, веќе се “расправаат” за него. 

Прв на ред – Манчестер Јунајтед. 

Клубот од „Олд Трафорд” го сака овој 19-годишник затоа што може да ги покрие сите позиции во нападот, а интерес до сега покажале ПСЖ, Реал, Лајпциг, Арсенал, Ливерпул и Челси. 

„Црешите” можат да се пофалат дека овој фудбалер има договор до 2030 година, во јануари не сакаа ни да слушнат за понуди, но на лето можеби ќе го сторат тоа. 

Колку пари ќе го одвојат од Борнмут?

Станува збор за 60 милиони фунти, толку го проценуваат „црешите”, но дали Манчестер Јунајтед ќе биде подготвен да ја исплати споменатата сума?