Манџукиќ доби нова „неморална“ понуда


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Заминувањето на Марио Манџукиќ од Јувентус е една од главните теми во италијанската спортска јавност.

Од порано е познато тоа дека Манџукиќ(35) веќе не е во план на тренерот на Јувентус и дека за време на зимскиот преоден рок дефинитивно ќе го напушти Торино, но и понатаму не е познато која ќе биде неговата следна дестинација.

Манчестер Јунајтед, Милан, Гвангжу… тоа се само неколку од клубовите со кои беше поврзуван искусниот напаѓач во последно време, а во игра е и опцијата да замине во Катар, за навистина „неморална“ понуда.

Dialy Record пренесува дека Ал Духаил СК е упорен во намерата да го доведе Манџукиќ во своите редови а на поранешниот репрезентативец на Хрватска наводно му е понудена плата од скоро осум милиони евра на годишно ниво, што, се верува дека би го омекнало.

Ал Духаил СК важи за еден од најдобрите клубови во Катар, а моментално е прв на табелата, а освен тие, понуди до Манџукиќ испратија и Ал-Рајан и Ал-Гхарафа.

Манџукиќ во Јувентус игра од 2015. година и од тогаш има одиграно 117 натпревари и има постигнато 30 погодоци. Пред тоа играше за Атлетико, Баерн, Волфсбург, Динамо Загреб и Марсонија.