Манџукиќ има нов клуб, а деталите за договорот излегоа во јавноста


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ се чини најде нов клуб.

Имено, според новинарот Стефан Конфорте, Манџукиќ се согласил да заигра за рускиот Локомотив од Москва.

Ќе заработува 2,7 милиони евра по сезона, а Локомотива верува дека ќе има големо засилување.

По враќањето од Катар, Манџукиќ се поврза со клубови од Англија, Италија и Турција, но се чини дека неговата дестинација сепак ќе биде Русија.

Во Локомотива тој ќе ја дели соблекувалната со Ведран Чорлука, па нема да има проблем да се адаптира.