Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Одличниот хрватски напаѓач Марио Манџукиќ продолжи да и помага на својата земја во тешка состојба поради пандемијата на коронавирус.
Поточно, Манџукиќ донираше материјал за развој на визири за техничкото училиште Винковци.
Од училиштето не го криеја своето задоволство и испратија пофалба кон Марио.
„Во име на учениците и наставниците од Техничката школа Руџер Бошковиќ Винковци и моето лично име, од срце се заблагодарувам на Марио Манџукиќ за дарежлива донација. Донацијата на нашата ѕвезда, Супер Марио, ќе овозможи понатамошно производство на визири за хероите – здравствени работници во болниците низ цела Хрватска! Училиштето го продолжува производството во три смени со голем ветер во грб од нашиот Манџо! Благодарам! “
Манџукиќ во моментов игра во Катар, и нема да биде изненадување ако ја промени средината во текот на летото.