Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул ја одби првата понуда за Садио Мане од 37 милиони евра, но тоа беше само почеток затоа што Баерн Минхен е решен да го добие Сенегалецот.
Тренерот Јирген Клоп не сака да го задржи Мане на сила, па затоа ќе го пушти да замине од екипата, но само ако пристигне примамлива понуда, а тоа најверојатно се 50 милиони евра, колку што понудиле баварците.
Германецот веднаш ќе тргне по замената за Мане, а изборот паднал на одличниот Дарвин Нуњез, кој игра за Бенфика, а оваа сезона постигна 34 гола на 41 меч.
Интерес за Нуњез покажаа и ПСЖ, Њукасл и уште неколку тимови, но Бенфика бара 100 милиони евра, па не се очекуваат лесни преговори со заинтересираните екипи.