Мане е херој на многу луѓе: Повторно ги израдува неговите соселани (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сенегалецот Садио Мане е познат по тоа што често донира пари на неговите сонародници во Сенегал, а посебно во неговото родно село.

Фудбалерот на Баерн Минхен порасна во сиромашно семејство и многу добро знае колку е тешко да се живее без пари, па често им помага на соселаните, а овој пат реши повторно да ги израдува.

Мане уште еднаш покажа дека е човек со големо срце, па изгради училиште за 270.000 евра, како и болница и џамија за 500.000 евра.

Ова не е крајот затоа што Мане планира да им изгради и бензинска пумпа и пошта, но и да постави антени со 4Г сигнал за жителите на селото.