Мане избра број кој ќе го носи во Баерн Минхен (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен пред неколку дена се засили со Садио Мане од Ливерпул, а Сенегалецот денеска реши кој број на дрес ќе го носи во следната сезона.

Овој 30-годишен напаѓач реши да го избере бројот 17, а него последен во Минхен го носеше Жером Боатенг, а претходно го имаше и Марк Ван Бомел.

„Го избрав бројот 17 и сакам да ги прославам големите успеси со својата екипа во тој дрес. Сега се радувам на подготовките за сезоната“, вели Мане.

Сенегалецот потпиша договор до 2025 година, а трансферот чинеше 40 милиони евра.