Мане никогаш нема да заборави што му направил Сане!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Инцидентот меѓу Садио Мане и Лирој Сане во соблекувалната предизвика реакција на раководството на Баерн Минхен, кое го казни Сенгалецот.

Мане го нападна Сане и го удри по устата во соблекувалната по поразот од Манчестер сити (0-3) во Лигата на шампиони (ЛШ).

Сенегалецот не можел да се воздржи откако Сане наводно му кажал „црно го*но“ и така предизвика голем скандал.

Двајцата фудбалери се извиниле поради инцидентот, а Мане ќе биде суспендиран на неодредено време, но мора да плати и парична казна од пола милион евра.

Раководството на Баерн планирало да го избрка Мане, но наводно Сане разговарал со нив и ги замолил да не го прават тоа затоа што и тој бил виновен за инцидентот.