Мане се налути, Клоп го бркаше по терен, но не се поздравија! 🎥


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ливерпул вчера славеше во вечното дерби против Манчестер јунајтед со 4-2 и така ги зголеми шансите за пласман меѓу најдобрите четири на табелата, а со тоа и пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Меѓутоа одличниот резултат не го прославија сите фудбалери, а посебно Садио Мане, кој беше нервозен и одби да се поздрави со Јирген Клоп, иако Германецот му подаде рака.

Одличниот напаѓач не сакаше да се поздрави со неговиот тренер, па многумина сметаат дека тоа ќе биде крај за него во Ливерпул, иако Клоп ја објасни ситуацијата.

„Доцна на тренингот решив да настапам со Диого Жота. Секогаш давам објаснување, но овој пат немав време. Во ред е потегот на Мане. Моите момци се научени да добијат објаснување и затоа вака реагираше сега“, вели Клоп.