Манев: Само со позитивни мисли може да постигнеме големи работи со Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јован Манев постигна гол во победата на Македонија против Малта (2-0), а по натпреварот кажа дека е среќен што македонската репрезентација освои три бодови и се врати во играта за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Дефанзивецот кажа дека е горд што го носел дресот на Македонија и ќе се труди и понатаму да носи радост за македонските навивачи.

„Мислам дека одговоривме максимално на задачите на селекторот и имавме добри резултати. Тука нема да запреме, се надевам дека ќе бидеме успешни и во следниот циклус. Натпреварот со Малта беше тежок, во второто полувреме сфативме дека мора да бидеме фокусирани. Сите заедно како тим може да постигнеме големи работи, само мора да размислуваме позитивно“, кажа Манев.