Марадона како крал во фотелја покрај теренот ја гледаше величенствената победа на својот тим


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Диего Марадона го предводи тимот на Гимнасиа кон опстанок во аргентинската Суперлига.

Дека играта на овој тим тотално се промени со доаѓањето на легендата на клупата зборува и резултатот од 11. коло во кое Гимнасиа како гостин ги „прегази“ Невелс Олд Бојс со убедлива победа и резултат од 0:4.

Марадона и на стадионот Марсело Биелса во Росарио е дочекан како крал. Доби огромни скандирања од трибините, а натпреварот го предводеше од фотелја која беше позиционирана покрај теренот бидејќи поради проблеми со здравјето тој има отежнато движење.

И тоа не беше залудно, имаше што да види. Неговиот тим ги „разби“ фаворитите Невелс и успеаа да им ја затресат мрежата дури четири пати.

Домашниот тим имаше теренска надмоќ за време на првото полувреме. Сепак, откако им се пружи сериозна шанса во 40. минута Гимнасиа преку Контино дојде до водство од 0:1.

Со овој резултат се паузираше и кога се очекуваше Невелс со сите сили да тргне кон пресврт, се случи нешто најмалку очекувано.

Од 50. до 57. минута Гимнасиа постигна дури три погодоци. Каир, Тијановиќ и Гарсиа ја завршија целата работа и донесоа голем триумф на Гимназијалците.

Тимот на Марадона веќе не е последен на табелата и од сега таа позиција им ја препуштија на Годо Круз.