Мареј рутински до третото коло


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Британскиот тенисер, Енди Мареј се пласира во третото коло на Вимблдон после победата против Јен Хсун Лу со 3:0 во сетови.

Мареј беше голем фаворит во овој натпревар и уште во првиот сет му кажа на противникот дека нема што да бара. Иако Мареј на стартот го изгуби сервисот, подоцна направи два брејка и го доби со 6:3.

Во вториот сет Мареј повторно направи два брејка, но ниту еднаш не го изгуби својот сервис, па натпреварот го доби со 6:2. Последниот сет Мареј го одигра рутински и направи брејка и го доби со 6:1.