Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот гигант Челси реши да тргне во потрага по нов голман, иако Србинот Ѓорѓе Петровиќ беше одличен минатата сезона на голот на премиерлигашот.
Новиот тренер на „сините“, Енцо Мареска побара уште еден голман за Челси, откако го одреди Роберт Санчез како прв чувар на мрежата.
Клубот планира да ангажира голман чија предност е добрата дистрибуција на топката со нога за да се вклопи во визијата на Мареска.
Кепа ова лето исто така ќе си замине, односно чека враќање во Реал Мадрид, додека дел од плановите на Челси не е ангажирање на Андриј Лунин.