Марез го честита Рамазан, а потоа доби заканувачка порака од навивач на Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Гаден“ коментар кој многумина ги разочара.

Муслиманите ширум светот денеска почнаа да го слават месецот на Рамазан, а пред почетокот на постот се огласи фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез.

Многу фудбалери се јавија на социјалните мрежи за да им го честитаат празникот на муслиманите ширум светот, празникот Рамазан и им посакаа среќен пост во овој свет месец.

На Твитер се огласи и Марез кој е познат по тоа што пости на секој Рамазан без разлика на тоа што има големи напори кога се во прашање тренинзите и натпреварите.

Марез им честиташе на сите муслимани за доаѓањето на празникот Рамазан но сето тоа го „засени“ еден навивач на Сити со невкусен коментар. Заради тоа доби жестоки критики и беше осудуван од многу фанови на Марез, но и од навивачите на клубот од Етихад.

„Подобро да покажеш што знаеш или Рамазан ќе биде откажан“ – искоментира овој навивач кој алудираше на тоа што Сити го очекува многу важен натпревар против Лестер во борба за титулата за првак на Англија.