Марез пресече, Раниери потврди дека е готово


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Само неколку дена после тоа што Раниери му кажа дека ќе седи на клупа, Алжирецот донесе конечна одлука.

Фантастични вести за навивачите на Лестер. Марез одлучи да остане и да ги одбие сите заинтересирани клубови. Тоа го потврди и Клаудио Раниери.

„Мислам дека сите во Лестер се среќни и задоволни. Готово, завршивме со преодниот рок. И да, тоа значи дека Марез останува. Тој тоа го сака“, изјави Раниери.

Тоа значи дека Лестер го задржа шампионскиот тим. Варди го продолжи договорот, капитенот Морган потпиша нов договор, сега и Марез останува. Засега замина само Канте кој беше важен играч, но негова замена беше доведена од Ница, тоа е Нампализ Менди. Стигна и резервниот голман Цилер, дефанзивецот Ернандез од Хихон и нигерискиот напаѓач, Ахмед Муса.