Мари по инцидентот во Милано: Имав среќа, на човек пред мене му го пресекоа грлото


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер сити и Арсенал, кој во моментов игра за Монца, Пабло Мари беше една од жртвите во нападот во „Керфур“ во Милано, Италија.

Фудбалерот заработи само лесни повреди, додека две лица го загубија животот, а Мари открива што се случило минатата ноќ.

„Неколку секунди пред нападот се движев со количка во која беше моето дете, а потоа почуствував болка во грбот. Имав голема среќа, затоа што на еден човек пред мене му беше пресечен вратот. Се чувствувам добро и од понеделник ќе се вратам на тренинзите“, вели Мари.

Во нападот беа повредени неколку лица, при што две го загубија животот.