Марио Гомез најави крај на кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Марио Гомез со Штутгарт избори враќање во Бундеслигата и го најави крајот на неговата играчка кариера.

Гомез реши да се пошегува во интервју за германските медиуми, а потоа да открие сè.

„Преговарам со Реал и Барселона, и ако тоа не успее …“, истакна 34-годишниот Гомез и додаде.

„Ова е мојата последна мисија откако разочаравме минатата година. Одлучив дека ова ќе биде мојата последна сезона во Штутгарт, а веројатно и како фудбалер“.

Гомез го освои германскиот шампионат со Штутгарт во 2007. година, а потоа освои две шампионски титули со Баерн Минхен.