Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус би можел да го продаде Марио Манџукиќ и да го врати Игуаин доколку Сари стане тренер на Старата Дама ова лето, пишуваат италијанските медиуми.
Наводно Манџукиќ не е во плановите на Сари, па така хрцатскиот интернационалец би можел да го напушти Торино иако во април потпиша договор до 2021. година.
Манџукиќ оваа сезона одигра 33 натпревари за торинскиот клуб и постигна 10 голови и запиша 7 асистенции.
Според наводите на новинарот Ромео Агрести, Сари сака да го задржи Игуаин откако ќе се врати од позајмицата во Челси.