Марио Манџукиќ во јануари прави трансфер во Премиер лигата

Откако не се согласи да го засили Манчестер Јунајтед, Марио Манџукиќ доживеа неочекуван шок во Јувентус.

Маурисио Сари го изостави од тимот за Лигата на шампионите и шанса му даде на Гонзало Игуаин, а така веројатно ќе биде и во првенството.

Тоа  е лоша вест за искусниот Хрват кој одби трансфер во Премиер лигата во последните денови од преодниот рок во Англија.

Сепак, сега како што пишува „Мирор“ можно е да се реализира негов премин на Островот, но наместо во Манчестер Јунајтед, тој би требало да заврши во Вест Хем  клуб кој уште од сега порјавил интерес за неговите услуги.